Грло

Исла пастилите не содржат глутен и се вегански производ.

isla® пастилите не создаваат пена во устата, тие ги обложуваат гласните жици и слузокожата на грлото.

Хијалуронската киселина има важно позитивно влијание врз навлажнувањето на гласните жици, со што придонесува за нивната активна нега и хидратација, што е особено важно за сите луѓе кои многу го користат својот глас во својата професионална работа. 

Штом децата знаат да јадат (шмукаат) бонбони или да џвакаат гуми за џвакање, можат да земаат и isla пастили. isla junior пастилите имаат пријатен вкус на јагода, не содржат шеќер и се наменети за деца од 4 годишна возраст и поголеми. Покрај пастилите isla junior, децата од 6-годишна возраст можат да земаат и пастили Isla Cassis, Isla Ginger, Isla Mint и Isla Moss.

Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.

 Да, пастилите isla® medic acute citrus & med, како и isla medic voice се без шеќер.

Според упатствата за употреба: Возрасни и деца постари од 6 години: полека растворете 1 пастила во устата, доколку е потребно, до 6 пастили дневно. Една пастила содржи 1050 mg замена за шеќер = 0,09 BU.  Доколку симптомите се влошат (на пр. треска, болки во зглобовите) или ако нема подобрување по три дена од третманот, контактирајте го вашиот лекар или фармацевт.

Возрасни и деца на возраст од 6 години и постари: растворете по една компресирана пастила полека во устата на секои 2-3 часа. Максималната дневна доза е 6 компресирани пастили. Доколку по 2-3 дена од почетокот на земањето на лекот нема значително подобрување или состојбата се влоши, неопходно е да се прекине терапијата и да се консултира лекар. Со редовна употреба на лекот, симптомите обично исчезнуваат по неколку дена.

Не смеете да земате Trachisan:

  • ако сте алергични (пречувствителни) на некоја од активните супстанции на лекот Трахисан или на некоја од помошните супстанци на лекот;
  • во случај на постоење на поголеми свежи рани во усната шуплина и фаринксот;
  • ако имате оштетување на мукозната мембрана на усната шуплина (ерозивни и десквамациски промени);
  • ако имате ретка наследна болест на нетолеранција на фруктоза, бидејќи овој лек содржи сорбитол.
  • Трахисан не треба да го користат деца под 6 години.

Засега не се познати интеракции помеѓу лекот Трахисан и другите лекови.