Contractubex гелот е лек со докажана ефикасност и е погоден за употреба кај деца од 1 година и постари, како и кај возрасни.
Делува длабоко во кожата и ја намалува лузната благодарение на фармаколошки активните состојки: екстракт од кромид, алантоин и хепарин.
Активните состојки на гелот делуваат така што:
Contractubex гелот може да се најде во сите аптеки во пакувањe од 20гр и се издава без рецепт.
Како да се користи гел Contractubex?
Доколку вашиот лекар не ви препишал поинаку, нанесете и нежно масирајте го гелот Contractubex на ткивото на лузната неколку пати во текот на денот. Ако се стари, тврди лузни, оставете го лекот да делува преку ноќ покриен со завој. Во зависност од големината или контрактурата на лузната, терапијата може да трае неколку недели или месеци. Физички иритации, како што се екстремен студ, УВ зраци или силна масажа, треба да се избегнуваат особено со свежи лузни.
Дали гелот може да се користи за лекување на лузни настанати од акни?
Contractubex гелот може да се користи за третман на сите лузни, вклучително и лузни од акни, и може да се нанесува на лице.
Колку долго по операцијата може да се започне со употреба на гелот Contractubex?
Можете да нанесувате Contractubex гел веднаш штом ги отстраните конците. Колку порано започнете со третман, толку поефективен ќе биде.
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.