Состојките на isla® пастилите со ѓумбир ја премачкуваат иритираната слузница на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од понатамошни иритации од околината и овозможуваат нејзино побрзо закрепнување, особено кај:
Воздухот што го дишеме е полн со патогени кои секојдневно го напаѓаат нашето тело. Најизложена на овие патогени е слузницата во горниот респираторен тракт.
Во нормални услови, здравата слузница лесно може да се одбрани од нападите на агенси кои предизвикуваат болести. Меѓутоа, ако е иритирана или ослабена поради изложеност на сув воздух (топол или климатизиран) или воздух кој е полн со загадувачи (смог, чад од тутун, алергени, бактерии и вируси), агенсите кои предизвикуваат болести можат полесно да навлезат во нашето тело.
Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнителна кашлица и засипнатост.
isla® пастилите им помагаат на децата и возрасните да ја ублажат иритирачката кашлица и да ја решат засипнатоста.
Може да го користат деца над 4 години, бремени жени и доилки.
isla® Mint и Cassis се без шеќер, па затоа се погодни за дијабетичари.
Муцините (мукозните материи) на исландскиот лишај во isla® ginger пастилите ја премачкуваат слузницата на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од влијанието на сувиот и загаден воздух.
На овој начин веќе оштетената слузница може побрзо да закрепне и да ја врати својата одбранбена моќ.
isla® ginger пастилите содржат посебен екстракт од отпорен исландски лишај од студените региони на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцин.
Со растопување на пастилата во уста се ослободува слуз, кој делува како мелем ја обложува и заштитува слузницата на устата и грлото.
Ослабнатиот глас и засипнатоста укажуваат на иритација на веќе чувствителните гласни жици. Во овој случај, isla® ginger пастилите имаат релаксирачки и смирувачки ефект. isla® ginger пастилите може да се користат и превентивно за заштита на чувствителни гласни жици.
Причините за сува уста можат да бидат многубројни. На пример, редовната употреба на одредени лекови може да доведе до намалување на саливацијата.
Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пр. ревматоиден артритис) може да предизвикаат сува уста.
Дополнително, надворешните влијанија како сув воздух, прекумерното консумирање кафе, чај и цигари или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сува уста.
Намалувањето на саливацијата може да биде поврзано со возраста, што е една од причините зошто постарите луѓе се жалат на сува уста.
Состојките на isla® ginger пастилите може да ја обложат и навлажнат слузницата.
isla® ginger пастили добро се поднесуваат и можат да се користат истовремено со други производи.
Етеричното масло од ѓумбир е состојка во овие пастили со боја на мед и им дава пријатен вкус. isla® ginger може да се користи и со хомеопатски лекови.
Слузницата на респираторниот тракт е повеќе под стрес при физичка активност отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надразнителна кашлица.
Во такви случаи, isla® ginger пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Затоа, употребата на isla® ginger пастилите е особено корисна за време на спорт за да се спречи сушење на слузокожата на устата и грлото.
Дали луѓето со чувствителен желудник можат да користат Isla пастили?
Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.
Од која возраст може да се користат Isla пастилите кај деца?
Штом децата знаат да јадат (шмукаат) бонбони или да џвакаат гуми за џвакање, можат да земаат и isla пастили. isla junior пастилите имаат пријатен вкус на јагода, не содржат шеќер и се наменети за деца од 4 годишна возраст и поголеми. Покрај пастилите isla junior, децата од 6-годишна возраст можат да земаат и пастили Isla Cassis, Isla Ginger, Isla Mint и Isla Moss.
Дали пастилите isla содржат глутен?
Исла пастилите не содржат глутен и се вегански производ.
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.