Сирупот Prospan® го разредува густиот слуз во респираторниот тракт, го олеснува искашлувањето и на тој начин ја смирува продуктивната кашлица.
Се сеќаваме на нашите лица од детство, кога мама ни даваше сируп против кашлица. Често имаше непријатен вкус и го паметиме со непријатност.
За разлика од тие сирупи, Prospan® сирупот е хербален сируп од природно потекло со пријатен вкус на цреша, за деца и возрасни. Нема шеќер или вештачки бои, содржи екстракт од лист од сув бршлен како активна компонента.
Пред секоја употреба добро протресете го сирупот! Ако симптомите траат подолго од 7 дена, треба да се консултирате со доктор.
Prospan® сирупот за кашлица има специјално дизајнирана чашка на која се изгравирани дозите. Дозата се прилагодува според возраста. Не треба да го земаат деца под 2-годишна возраст. Подетални упатства за дозирање во прилог.
Секогаш земајте го Prospan точно како што ви објаснил вашиот лекар. Ако не сте апсолутно сигурни, консултирајте се со доктор или фармацевт.
Освен ако не е поинаку пропишано од вашиот лекар, вообичаената доза е:
Деца на возраст од 2-5 години: 2 пати на ден, 2,5 ml
Деца на возраст од 6-11 години: 5 ml два пати на ден
Деца од 12 години и постари: 5 ml 3 пати на ден
Детето има проблем со секрет кој се задржува и доведува до воспаление на увото. Има чести инфекции на увото, но нема кашлица. Лекарот му препиша Prospan
Prospan е секретолитик и често го препорачуваат лекарите за секреторен отитис, бидејќи имаат добро искуство.
Може ли да му дадам на своето дете Prospan за кашлица, иако зема антихистаминици?
Да, Проспан е лек кој не покажува интеракции со антихистаминици.
Дали сирупот Prospan содржи шеќер?
Не, сирупот Prospan не содржи шеќер.
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Пред секоја употреба добро протресете го сирупот! Ако симптомите траат подолго од 7 дена, треба да се консултирате со доктор.