Трахисан е лек кој содржи:
Антибиотик, висока антибактериска ефикасност во грлото и усната шуплина. На овој начин се избегнува влијанието на антибиотиците системски, врз целиот организам. Без ризик за појава на резистентност. Поради неговата безбедна примена и широкиот опсег на дејство против повеќе бактерии, габи и одредени вируси, тиротрицинот се смета за антибиотик од прв избор при третман на акутни инфекции во грлото и усната шуплина.
Анестетик, кој брзо ја намалува болката во грлото и го олеснува голтањето и зборувањето.
Антисептик, ефикасен против најчестите причини за инфекции на грлото и усната шуплина.
Трахисан содржи антибиотик тиротрицин, кој делува само локално во грлото и усната шуплина. Поради големината на молекулата, слабата растворливост во вода и отпорноста на ензимот пептидаза, овој антибиотик не поминува низ кожата и мукозните мембрани.
Дури и ако по грешка стигне до желудникот, тиротрицинот таму се разградува и не преминува во крвта. На овој начин се избегнати бројните недостатоци на системските антибиотици. Бидејќи е локален антибиотик, лекот не мора да се зема во одредено време, па затоа неговата употреба е многу едноставна.
Дозирање:
Возрасни: растворете по една пастила во устата на секои два часа, максимум до 8 пати на ден.
Деца на возраст од 6 години и постари: растворете по една пастила во устата на секои два часа, до 6 пати на ден.
Доколку по 2-3 дена од почетокот на земањето на лекот нема значително подобрување или состојбата се влоши, потребно е да се прекине терапијата и да се консултира лекар.
Добро се поднесуваат, без шеќер, може да го користат дијабетичари, пациенти со висок крвен притисок и други хронични пациенти.
Со локалните антибиотици се избегнуваат несаканите ефекти кои се вообичаени кај системските антибиотици, како што се дијареја, гадење, повраќање.
Кутија Trachisan содржи 20 компресирани пастили, без шеќер.
Дали лицa на антикоагулантна терапија можат да користат Trachisan?
Засега не се познати интеракции помеѓу лекот Трахисан и другите лекови.
Кои се контраиндикациите за употреба на пастилите Trachisan?
Не смеете да земате Trachisan:
Колку пастили Trachisan можам да земам дневно?
Возрасни и деца на возраст од 6 години и постари: растворете по една компресирана пастила полека во устата на секои 2-3 часа. Максималната дневна доза е 6 компресирани пастили. Доколку по 2-3 дена од почетокот на земањето на лекот нема значително подобрување или состојбата се влоши, неопходно е да се прекине терапијата и да се консултира лекар. Со редовна употреба на лекот, симптомите обично исчезнуваат по неколку дена.
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.