Tyrosur – првото нешто кое ѝ е потребно на раната

shadow illustration

Раните се мали непријатни изненадувања кои се дел од секојдневниот живот, секаде и во секој момент можеме да се повредиме: на работа, за време на патување, во градина, во кујна, во контакт со животни...

Раните се мали непријатни изненадувања кои се дел од секојдневниот живот, секаде и во секој момент можеме да се повредиме:на работа, за време на патување, во градина, во кујна, во контакт со животни...

Зависно од тоа за каква рана станува збор, некогаш можеме сами да ја санираме, а во некои ситуации не може да поминеме без професионална помош од лекар.

 

Внимателно со малите и полесни повреди

Полесните повреди како исекотини, гребнатини, помали убоди или рани од каснување , инфицирани рани по убод од пајак генерално ги негуваме сами. Треба да знаеме дека иако се работи за мали, полесни повреди, со погрешно или неадекватно лечење може да дојде до инфекција и запаление, а процесот на зараснување да се забави.

Затоа би требало секоја домашна аптека да има локален антибиотик.

Својата куќна аптека чувајте ја на суво и ладно место, заштитена од директна сончева светлина и секако подалеку од дофат на деца.

Како се нанесува локален антибиотик на рана

Пред да нанесете локален антибиотик на раната  доколку е потребно треба да се измие и исчисти од нечистотии, да се остави малку да се исуши, потоа се нанесува антибиотикот и доколку има потреба се става фластер или стерилна компресија т.е. газа.

Tyrosur®

Tyrosur® го содржи антибиотикот тиротрицин. Лесно поднослив, а за сигурноста на производот зборува и податокот дека Tyrosur на германскиот пазар постои повеќе од 50 години.

Tyrosur® Гел

Tyrosur® гелот е првиот локален антибиотик на нашиот пазар во облик на гел, кој пријатно го лади местото на повредата, безбоен е, не пече и не ја мрси облеката.

Може да се користи на скалпот и други делови на телото кои се обраснати со влакна, на лицето или на свиоците на телото.

Tyrosur® Powder прашок за кожа

Друг облик е Tyrosur® Powder прашокот за кожа кој е наменет за површински, умерено влажни рани. Прашокот во допир со раната не создава грутки затоа што има подлога која се раствара во вода.

*Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства од лекот, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

 

Двата облици на Tyrosur® се достапни во сите подобро снабдени аптеки и за истите не Ви е потребен рецепт.

 

Прочитајте ги одговорите на најчестите прашања на нашите корисници.