Изберете го вкусот на isla® пастили

shadow illustration

Знаеме дека малите проблеми со грлото можат да имаат големо влијание врз вашето расположение!

Затоа ви обезбедивме едноставно и најдобро решение од природата: isla® пастили. Билни пастили со оригинален екстракт од исландски лишаи кои се користат со векови за заштита на грлото.

 

Зошто isla® пастили?

Суво грло и сува слузница, не се проблем само во зима. Појавата на надразнителна кашлица поради иритирана слузница на грлото се јавува во текот на сите сезони, а isla® е одлична за ублажување на иритации на слузницата, но и кај сува и надразнителна кашлица.

 

Кога да барате isla® пастили во аптека?

  1. Тие служат за превенција на суво грло. Тие ја штитат сувата слузница на устата, грлото и фаринксот.
  2. Одлични за ублажување на сува, иритирачка кашлица.
  3. Се користат во услови на отежнато дишење преку нос.
  4. Го негуваат грлото при дополнителен напор на гласните жици кој често се јавува кај професии како на пример, професори, наставници, продажен персонал, пејачи итн.

 

За кого е наменета isla®?

isla® им помага на децата и возрасните да ја ублажат иритирачката кашлица и да ја решат засипнатоста.

Може да ги користат деца над четири години, бремени жени и доилки.

isla® mint и cassis се без шеќер и се погодни за дијабетичари.

 

Како се применуваат isla® пастилите и како се дозираат?

По потреба, растопете 1-2 пастили полека во устата, неколку пати во текот на денот.

Пастилите добро се поднесуваат и можат да се користат подолг временски период.

isla® пастилите со билна активна состојка исландски лишај ја ублажуваат надразнителната кашлица, симптомите на воспалено грло (гребење на грлото) и засипнатост.

Состојките на isla® пастилите делуваат како заштитен балзам ја обложуваат иритираната слузница на усната шуплина и грлото, со што ja штитат од понатамошна иритација и го забрзуваат процесот на заздравување.

 

Изберете го вкусот на isla® пастили кој најмногу ви одговара

1. isla® moos

  • Благ хербален вкус


2. isla® mint

  • Благ вкус на пеперминт
  • Без шеќеp

3. isla® cassis

  • Вкус на црна рибизла
  • Содржи додаток витамин Ц
  • Без шеќер

4. isla® ginger

  • Вкус нa ѓумбир со мед

5. isla® junior

Во соработка со педијатрите, фармацевтите и родителите, ги дизајниравме isla® junior пастилите за грло наменети за најмалите кои помагаат во ублажување на симптомите на настинка како што се „гребење“ во грлото, тешкотии при голтање и иритација при кашлање.

isla® junior пастилите се идеални за деца од 4-годишна возраст бидејќи не содржат бои, конзерванси или вештачки ароми, туку само природен вкус на јагода.

Пастилите за грло се погодни и за вегани, без шеќер и се безопасни за млечните заби.

Cодржи дополнително витамин Ц, цинк и калциум пантотенат, кои ја поддржуваат функцијата на имунолошкиот систем и го забрзуваат процесот на заздравување на слузницата.

ISLA® MEDIC ACUTE

Зошто да изберете isla® medic acute пастили?

Често ја игнорираме појавата на чувството на пецкање во грлото со надеж дека тоа ќе помине само по себе за да не губиме време одејќи на лекар.

Со isla® medic acute пастилите, вашето грло ќе биде заштитено со создавање на хидрогел кој се задржува на слузницата, ја влажни, бидејќи го стимулира производството на плунка, и ќе ја ублажи иритацијата на слузницата на устата и грлото. .

Производот е особено практичен поради начинот на употреба, се препорачува за вегани и не содржи шеќер, што е одлична вест за дијабетичарите.

 

6. isla® medic acute citrus-med

За навлажнување на мукозната мембрана на грлото и проблеми со грлото како што се болкa во грлото и болно голтање.

Хидрогел комплекс со хијалуронска киселина и исландски лишај за ублажување на типичните симптоми поврзани со болно грло и настинка, како што се болно голтање и засипнатост.

Дозирање:

  • до 6 пастили дневно
  • од 6-годишна возраст

 

7. isla® medic voice

  • За сува слузница и напрегнати гласни жици.
  • Со вкус на вишна.

Дури кога ќе го изгубиме, сфаќаме колку ни е важен гласот како главно средство за комуникација.

Но, има и професионалци на кои гласот им е главно средство за работа, а токму нивните гласни жици бараат посебна грижа.

isla® medic voice ги ублажува проблемите со грлото и ги смирува силно напрегнатите гласни жици.

Хијалуронската киселина е позната како природено средство кое се користи за нега на гласните жици, а нејзиниот ефект дополнително се зајакнува со додавање на природен екстракт од исландски лишаи и комплекс хидрогел кој создава заштитен слој на мукозната мембрана, ја негува мукозната мембрана и ги смирува силно напрегнатите гласни жици.

Возрасни и деца постари од 6 години да растопат по 1 пастила полека во уста 6 пати на ден, по потреба.

 

Здравата слузница на грлото е првата бариера за вирусите и бактериите од околината

Многу фактори доведуваат до намалено формирање или уништување на заштитниот филм на слузницата на фаринксот и грлото.

Најчести причинители се алергени, сув воздух, климатизиран простор, загадување на воздухот, чад од тутун.

Последиците се чувство на гребење во грлото, различен степен на засипнатост, воспаление на гласните жици, сува, иритирачка кашлица.

Обновената и здрава слузница на грлото, за разлика од иритираната и ослабната, лесно може да се одбрани од надворешни агенси кои предизвикуваат болести и иритација.

 

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.