Трчање – мислиш дека на оваа тема не може да се каже ништо ново ?
Меѓу нас кажано, колку пати сте одлучиле да почнете да вежбате „од понеделник“ или „од први наредниот месец“?
Нема ништо полесно од донесување на таа одлука, но и ништо потешко од тоа конечно да започнете. Нема потреба премногу да се пишува за тоа колку фискултурата е корисна и здрава, затоа што тоа веќе сите го знаете, но можеме да ве мотивираме да почнете. Најдобро е да се започне со најстриот и еволуциски најприродниот облик на фискултура – трчање. Прочитајте неколку совети за почетници.
Единственото нешто кое е потребно за почеток е мотивација
Зошто баш трчање за почеток? Причините се следниве:
- Тоа е најприродниот начин на движење и фискултура за кој сме еволуциски предодредени.
- Не ви е потребно многу време и бесплатно е.
- Облечете патики, тренерки и излезете од дома – ништо не е поедноставно.
- Не ви треба посебна подготовка, личен тренер, посебна опрема или терен.
- Ако трчате правилно, вашето тело ќе има големи бенефити.
- Можете да трчате било каде, во било кое време.
- Се што ви е потребно се малку знаење и многу волја.
Од каде да почнете?
Ги облековте патиките и ги зедовте клучевите од дома – одлично! Првиот чекор е успешно завршен. Започнете со 30 минутна прошетка. По неколку прошетки, штом забележите дека прошетките стануваат премногу лесни – започнете со брзо одење без одмор, а времето нека остане исто – 30минути. Следниот чекор е уфрлување на трчање во куси интервали за време на брзото одење, а со тек на време зголемувајте ги интервалите за трчање. Важно е во интервалите кога трчате да не се напрегнувате премногу. За брзо време со лесно темпо ќе можете да ги истрчате сите 30 минути со куси „паузи“ за пешачење.
Сега дојдовте до фазата – џогирање, во оваа фаза можете да истрчате 30минути без пауза без никаков проблем. Во оваа фаза, малку по малку ја зголемувате километражата која можете да ја следите со помош на било која апликација за мобилен телефон или паметен часовник.
Во текот на овој процес многу е важно трпението. Доколку го исцрпите телото тоа може да доведе само до повреди. Трчајте природно и полека, телото држете го испраавено, така што целата кичма ќе биде во правилна положба. Со тек на време ќе развиете свој стил. Дишете мирно – вдишувајте на нос и издишувајте на уста.
Пред да започнете со трчање обавезно загревајте се најмалку 10 минути, а по трчањето истегнете се во времетраење од 20 минути.
Неколку совети за крај...
Доколку не сте сигурни колку вода пиете дневно, секојдневно полнете си по едно шише од 2 литри и испијте го во текот на денот. За време на трчањето мускулите брзо се загреваат, затоа не е потребно да облекувате дебела облека, ќе ви биде топло. Мерењето на телесната тежина пред и по трчање може да биде неточно затоа што тогаш всушност мерите колку вода од организмот сте потрошиле (потење) за време на трчањето. Најдобро е телесната тежина да ја мерите на секои 2 седмици, тоа навистина ќе ви покаже колку килограми сте изгубиле.
После трчањето нема да бидете многу гладни, напротив – апетитот ќе ви се намли. Ќе се чувствувате подобро психички затоа што кога се движиме се ослободува хормонот ендорфин кој го подобрува расположението.
Ви посакуваме пријатно трчање.