Како да поттикнете читање со разбирање
Пишува: Јелена Бартоловиќ Вучковиќ, проф. логопед
Една од вештините која ја учиме меѓу првите во текот на школувањето, а голем број на деца ја совладуваат и во предучилишното образование, е читањето. Читањето и пишаните содржини се голем дел од нашиот живот на кој повеќе не обрнуваме внимание. Читањето е присутно во секојдневната комуникација преку разни апликации, известувања, пропагандни материјали кои не опкружуваат. Токму затоа што разбирањето на прочитаното е од огромна важност за да можеме рамноправно да учествуваме во комуникацијата, но и за совладување на воспитно-образовните содржини во текот на школувањето.
Иако е секојневна, вештината читање со разбирање спаѓа во когнитивно најсложените активности.
Темелите за усвојување на читањето и пишувањето се усвојуваат од најрана возраст низ свесност за пишаниот збор и вештини за фонолошка свесност. [ЈБ1] Кај некои деца, процесот на усвојување на читање и пишување е побавен, кај некои тегобите се надминуваат со адекватно поттикнување, а кај некои деца преминуваат во состојби/пречки како дислексија и/или дисграфија.
Секое дете ги усвојува читањето и пишувањето со свое темпо, нечиј пат е малку полесен, нечиј малку потежок. Затоа пред трето одделение не зборуваме за пречки во поглед на читањето и пишувањето.
Разбирањето на прочитаниот текс е многу важна и предизвикувачка вештина која треба да се поттикнува од самите почетоци на усвојувањето на читањето. Од таа причина ќе наведеме неколку забавни активности кои може да помогнат. Како што расте детето, комплексноста на секоја активност може да се прилагоди на неговите можности.
Смешни реченици
На парче хартија напишете 5-10 реченици во кои еден збор е намерно вметнат иако не одговара на реченицата. Детето само треба да дознае кој збор не припаѓа во реченицата и да ја напише реченицата правилно. Ако е премногу тешко за детето да препознае кој збор е напишан на место на кое не соодветствува, можете да му понудите два збора од кои тој ќе го избере точниот.
Автомобилите растат на патот.
Автомобилите растат / возат на патот.
Автомобилите на патот. Растат / возат
Заврши ја реченицата
На парче хартија напишете 10 реченици кои детето треба да ги заврши за да имаат смисла. Во поедноставните задачи, точниот одговор е само еден збор, логичен одговор, а во посложените, детето може да избере само збор кој одговара на првиот дел од реченицата.
Рибите живеат во ___________________ .
Кучето има четири _________________.
Сакам да јадам ____________________.
Купивме ____________ во продавницата.
Како се чита текст/лектира
Децата се среќаваат со читање со разбирање во второ одделение, штом ќе усвојат доволно букви. Една од првите задачи за вежбање на читање со разбирање на таа возраст е да се комбинира пишан збор, најчесто именка (куче, маса, чадор) или глагол (трчање, пиење, пишување) со слика.
Малку посложена задача е одговарање на едноставни прашања поврзани со прочитана реченица или краток текст. Ова може да се практикува преку осмислени работни листови, или можете да користите некои реченици од учебникот на детето. Како што детето напредува во разбирањето, можете да давате подолги и посложени реченици.
Птицата лета високо. Кој лета високо?
Кучето му лае на Лука. Кој му лае на Лука? На кого лае кучето?
Кога врне, мора да земеме чадор и гумени чизми.Што ни треба кога врне? Кога ни треба чадор и гумени чизми? Зошто ни требаат чадор и гумени чизми?
Пред да го прочитате текстот со детето, прочитајте го насловот и обидете се да погодите за што може да се зборува во текстот. Откако ќе го прочитате текстот, вратете се на насловот и разговарајте дали погодивте или каков наслов би ѝ дале вие на приказната. Исто така, детето може само да прочита краток текст и само да му даде наслов кој опишува што има во текстот.
Кога читаме лектира и подолги текстови, детето може да се запознае со содржината преку резиме. На овој начин текстот не е целосно непознат, а детето отприлика знае што да очекува.
Постоењето на непознати зборови во прочитаното го отежнува разбирањето. Овој проблем можеме да го заобиколиме со тоа што ќе го запознаеме детето со непознатите зборови пред да чита или со тоа што ќе го охрабриме да ги подвлече или препише непознатите зборови во текстот и подоцна да го побара нивното значење.
Истакнувањето на клучни зборови или главни ликови и дејства во текстот, исто така, го олеснува разбирањето на она што е прочитано. Различни визуелни организатори, како што се умствените мапи во повисоките одделенија, можат да му помогнат на детето да ја разбере и запомни прочитаната содржина.
И, конечно, за да се провери разбирањето, остануваат потпрашањата по прочитаниот пасус, поглавје или целата книга, како и разговор за прочитаното. Во зависност од возраста на детето, прераскажување и потпрашања можете да поставите по пократок или подолг дел од текстот. Прашањата што ги поставувате треба да бидат едноставни и приспособени на возраста на детето (на пр. Што ти се допадна?, Зошто?, Што би направил/а ти да си на местото на ликот?). Можете исто така да го анализирате текстот на забавен начин, да размислите и да напишете алтернативни завршетоци на приказната, а детето да го избере вистинскиот крај што го прочитало во оригиналната приказна.
Како што се наближува крајот на прво одделение, речениците за вежбата се претвораат во текстови, а во второ, трето и повисоки одделенија, текстовите стануваат подолги и попредизвикувачки. Со поедноставни текстови, децата се потпираат на некои свои трикови кои можат да помогнат во раните фази. Доколку разбирањето на текстот не е задоволително, може да има потешкотии во учењето и усвојувањето на наставниот материјал од пишаниот текст или детето да добива пониски оценки на писмените тестови на знаење во споредба со усните.
За да се избегне ова, неопходно е да се развие читање со разбирање од прво одделение.
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот треба да се чува вон дофат на мали деца. Додатокот во исхрана не е надоместок или замена за урамнотежена исхрана. Важно е да се придржувате до урамнотежена и разнолика исхрана и здрав начин на живот.